Македонскиот борец што сака да го достигне нивото за УФЦ

Македонскиот ММА борец, Дејан Стефаноски, пред себе има нов предизвик, откако во мај ќе се бопри против Гркот Стаматис Моурулис. Тој веќе ги започна подготовките за новата борба, а негова цел е да стане европски шампион во ММА и да го достигне нивото за да се натпреварува во УФЦ.

Велешанецот Дејан Стефаноски зад себе има 7 борби, од кои 6 победи и само еден пораз. Ова младо момче го има освоено и интернационалниот шампионски појас во ММА (мешани борачки вештини), кој е прв ваков појас во Македонија од интернационален карактер.

Dejan 1

Последната професионална борба на Дејан Стефановски беше во Загреб, против босанецот Синиша Дамјановиќ, каде што издвојува победа со технички нокаут уште во 57-мата секунда.

Dejan 3

„Следната, многу значајна борба за мене е борбата во Солун, Грција, во мај против сериозен и искусен противник Стаматис Моурулис кој што зад себе има 9 победи и 2 порази. Моја цел е да станам европски шампион во ММА, а главна цел е да се натпреварувам во најпознатата и најпрестижна организација во светот УФЦ“, вели Стефаноски, кој веќе започна со интензивни тренинзи во градот Штип, од каде што подоцна ќе замине во Диселдорф, Германија, каде што ќе ги направи последните подготовки за натпреварот против предизвикувачот Стаматис Моурулис.

Се вчитува...