Македонските атлетичари со 15 медали од митингот во Албанија

Македонските атлетичари освоија вкупно 15 медали на интернационалниот атлетски митинг кој се одржа во Елбасан, Албанија, а на кој партиципираа атлетичари од десет земји, Албанија, Бугарија, Италија, Грција, Кипар, Македонија, Косово, Ерменија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Под водство на селекторот Ѓорги Вучков и тренерите Колевски, Рахман, потпретседателот Точи, од нашата земја на митингот учествуваа 16 атлетичари кои освоија 15 медали од кои 5 златни, 5 сребрени и 5 бронзени.

Највреден резултат постигна Јана Митовска на 100 метри, а најуспешна беше Бесијана Мустафа со освоени три медали. Први места и златни медали освоија: Јана Митовска во трката на 100 метри со личен рекорд 12,48 секунди, потоа Кристина Јосифовска на 200 метри со резултат 26,99 секунди, Али Шабанина – 200 метри со време 22,55 секунди, Јованче Јанковски во скок во височина со резултат 190 см и Пепи Анакиев во трката на 3000 метри со време 9:26,51 минути.

Сребрени медали освоија: Ајше Халили на 200 метри со личен рекорд 26,99 секунди. Катерина Тимчевска на 400 метри, со личен рекорд, 58,95 секунди, Бесијана Мустафа со два сребрени медали во скок во далечина со резултат 5,10 меттри и трискок со резултат 10,46 метри, и Александар Таневски на 100 метри со резултат 11,14 секунди.

Бронзени медали освоија: Валбона Селими на 100 метри со резултат 12,66 секунди, Рената Соколовска на 800 метри со личен рекорд 2:20,48 минути. Бесијана Мустафа во скок во височина со резултат 155 сантиметри, Алија Шабани на 100 метри со резултат 11,15 секунди и Никола Стојановиќ во скок во височина со резултат 180 сантиметри.

Се вчитува...