Македонските кадети на турнир во Романија

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија од денеска до 17 декември ќе настапи на турнир во Васлуи, Романија. Покрај македонската репрезентација, на турнирот ќе настапат и селекциите на Израел, Украина и на домаќинот Романија.

Младите македонски ракометари вчера пристигнаа во Романија, а синоќа одржаа и еден тренинг во салата во Васлуи. Денеска со почеток во 18.30 часот го играат првиот натпревар против Израел. Утре ги очекува дуелот со Романија, а в недела е последниот натпревар против репрезентацијата на Украина.

Овој турнир е во склоп на подготовките на македонската кадетска репрезентација за настпот на ЕХФ Шампионатот во јули 2018 во Грузија. Воедно овие настапи ќе домесат искуство и воигрување на кадетскиот состав за Светското првенство за оваа генерација во 2019 година на кое Македонија ќе биде домаќин.

Пренос од сите натпревари од турнирот е најавен во живо на следниот линк:https://www.youtube.com/channel/UCr742PTqueo_UDMNk_7VWzg

Afis-A3-VIITORUL-AZI-web-1

Се вчитува...