Македонските кошаркарки отпатуваа за Италија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска отпатува за Италија пред вториот натпревар од овој циклус квалификации за Евробаскет 2019 во Летонија и во Србија. Натпреварот со Италија, македонските кошаркарки го играат утре со почеток во 18.30 часот.

Во првиот натпревар од оваа фаза во квалифиакциите, избраничките на селекторот Марија Лазовски на домашен терен во Скопје претрпеа убедлчив пораз од Хрватска (47-108).

Во првата фаза од квалификациите, Македонија запиша уште два порази, од Италија на домашен терен (52-61) и од Шведска во гости (91-51).

Се вчитува...