Македонските ракометарки декласирани од Шведска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

Македонските ракометарки декласирани од Шведска

Македонските ракометарки декласирани од Шведска

Женската ракометна репрезентација на Македонија го почна новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2018 во Франција, со пораз на гостувањето во Лунд од репрезентацијата на Шведска со 38-26  . Македонските ракометарки беа инфериорни во дуелот со фаворизираните Швеѓанки и во претходниот циклус кога на гостувањето во Шведска тогаш загубија со 46-27, а во однос на силите, ситуацијата не се смени многу ни во оваа нова пресметка со уште еден двоцифрен пораз.

Избраничките на селекторот Симе Симовски го отворија натпреварот со два гола во серија. Но, и на тоа останаа до крајот. За само неколку минути, Швеѓанките направија серија од 7-0, целосно ја имаа контролаат на играта и уште по првата четвртина остварија недостижна предност и практично ја обезбедија победата. На неколку пати во првиот дел, домашната репрезентација стигна до највисоки +7, прв пат поведувајќи со 11-4, а потоа и со 14-7. До крајот на првиот дел, македонските ракометарки заиграа малку поефикасно во нападот и успеаја да ја намалат негативата на 18-15.

Супериорноста на шведската репрезентација продолжи и во второто полувреме. Швеѓанките брзо се вратија на највисоката предност, а потоа зголемија и на +8 поведувајќи со 25-18.  На пет минути пред крај, домашниоте ракометарки стигнаа и до двоцифрена преднсот (34-24). Финишот од натпреварот беше само рутина за надмоќната домашна репрезентација која очекувано ги прокнижи првите бодови во овие квалификации и ја потврди улогата на фаворит во групата.

Во вториот натпревар од овој квалификациски циклус, Македонија на 1 октомври во СРЦ Кале ја пречекува репрезентацијата на Србија. Србинките во денешниот прв натпревар славеа убедлива победа против фарски Острови со 36-20.

Пласман на ЕП 2018 во Франција обебзедуваат првите две селекции во групата и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.