Македонските ракометарки не издржаа до крај, Србија ги однесе бодовите од „Кале“

Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2018 во Франција. Во натпреварот од второто коло во третата квалификациска група, Македонија во СРЦ „Кале“ беше поразена од Србија со 27-33.  Македонските ракометарки одиграа еден од најдобрите натпревари во последниве неколку години и останува да жалат што тоа не го ефектираа барем со бод во овој дуел. Избраничките на селекторот Симе Симовски 40 минути беа рамноправен противник со многу поискусната репрезентација на Србија, одиграа максимално ангажирано и мотивирано, но на крај тоа сепак, не беше доволно за победа.

makedonija-srbija zeni -rakomet 01.10 (13)

Македонските ракометарки влегоа максимално мотивирано во дуелот со Србија. Рационални во нападот и многу посигурни во одбраната без грешките и пропустите што ги имаа на првиот меч вио Шведска, избраничките на селекторот Симе Симовски успеаја да наметнат темпо и да бидат во позитива во поголем дел од првото полувреме.

makedonija-srbija zeni -rakomet 01.10 (19)

На средината од првиот дел, Србинките прв пат дојдоа на два гола предност поведувајќи со 8-10. Но, македонската репрезентација покажа ново лице и еден нов квалитет успешно да се носи со притисокот и одново да се врати во игра. Со два гола во серија, Маекедонија дојде до ново изедначување на 10-10, а малку потоа и одново дојдоа во минимална преднсот поведувајќи со 13-12 на пет минути пред крај на првиот дел. А со гол предност заминаа и на одмор по првите 30 минути  кои ги завршија со 15-14.

makedonija-srbija zeni -rakomet 01.10 (14)

Во исто темпо македонските ракометарки го почнаа и второто полувреме и по првите пет минути игра имаа предност од 16-16. Поголемото искуство на српските ракометарки дојде до израз во продолжението од натпреварот во Кале. Србинките го засилија притисокот  и го презедоа водството, направија серија од 4-1 и стигнаа на +3 (19-22).  Тука веќе беше скршен отпорот на домашната репрезентација. Србинките се одлепија и ја задржаа позитивата до крај зголемувајќи ја предноста на 24-29 на шест минути пред крај. И покрај сите обиде, макеоднските ракометарки во финишот на натпреварот немаа сили да ја анулираат негативата и мораа да се помират со вториот пораз во овие квалификации.

makedonija-srbija zeni -rakomet 01.10 (15)

Теодора Керамичиева го предводеше нападот на македонската репрезентација со шет гола, Ивана Гакидова и Сара Ристовска постигнаа по пет, а Елена Ѓорѓиевска заврши со четири гола. Во репрезентацијата на Србија најефикасна беше Катарина Крпеж-Слезак со девет гола.

Следниот циклус од квалификациите за ЕП 2018 во Фрнција, ќе се одигра во втората половина на март. На 21-22 март, Македонија и гостува на  репрезентацијата на Фарски Острови, а на 24-25 март е реваншот со Фаранките во Скопје.

Се вчитува...