„Македонското“ дерби во Романија без победник

Одорхеи и Констанца ги поделија бодовите (25-25) во  натпреварот од 8.коло во првенството на Романија. Во ова „македонско“ дерби во Романија, Горан Кузманоски со Одорхеи ја имаше улогата на домаќин на Никола Митревски и  Велко Марковски во составот на Констанца во чија управа е и поранешниот макдоднски репрезентативец, Бранислав Ангеловски.

Натпреварот беше изендачен и на крајот од првото полувреме (15-15), а така остана и до крај. Кузманоски постигна четири гола за тимот на Одорхеи. На спротивната страна, Марковски вообичаено беше задолжен за игра во одбраната, а Митревски на голот на Констанца запиша осум одбрани .

По првите осум кола, Одорхеи има четири победи, два порази и две нерешени средби и со 14 бода е на 5.место на табелата. Констанца има половичен успех со три победи, три порази и две нерешени средби и моментно е на 9.место на табелата.

Во рамките на ова 8.коло во Романија, Златко Даскаловски со Темишвар славеше важна победа против Динамо Букурешт (23-26), а Гоце Георгиевски со тимот на ЧСМ Букурешт, утре му гостува на Фоксани.

Се вчитува...