Македонците ја освојуваат Италија: Николиќ и Боцевски во Стела Азура, Митрева ќе игра во Алгеро - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
24/03/2017 15:49
Останато
24/03/2017 9:27
Фудбал
24/03/2017 8:50
Фудбал
23/03/2017 18:35

Македонците ја освојуваат Италија: Николиќ и Боцевски во Стела Азура, Митрева ќе игра во Алгеро

Македонците ја освојуваат Италија: Николиќ и Боцевски во Стела Азура, Митрева ќе игра во Алгеро

Голем број на млади кошаркари од Македонија продолжуваат да го калемат својот талент во клубови од Италија. Приказната со Тијана Митрева не е ништо поразлична. Младата кошаркарка која летово првпат го носеше националниот дрес на првенството за жени до 16 години Дивизија Б одлучи да ги замени клупските бои. Па така, Митрева повеќе нема да биде дел од МНА Кожувчанка од Кавадарци и во иднина ќе го носи дресот на италијанскиот клуб Мерцедес Алгеро.

„Се одлучив за Италија бидејќи таа е земја со врвна кошарка која се наоѓа на третото место во Европа. Лично мислам дека мојата кошаркарска кариера подобро ќе се развива таму отколку тука во македонија. Еден ден се надевам со многу труд и поголемо искуство ќе заминам во Америка која е една од моите желби и ќе заиграм во ВНБА. Но, засега се радувам што добив понуда од тимот во Италија, Мерцедес Алгеро, кој претставува голем предизвик во градењето на мојата кошаркарска кариера“ – возбудена е Митрева за пишување на новото поглавје во нејзината кариера.

matea nikolic

Митрева, која на Европското првенство беше прв поентер во македонскиот национален состав (просек 10.63 поени по натпревар) дефинитивно нема да биде сама во Италија. Пред неколку месеци Дино Боцевски направи трансфер во Стела Азура каде порано играше Андреј Маслинко, а и Матеа Николиќ која заедно со Митрева настапи на континенталното првенство.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.