Маки за Анчелоти во Минхен: Шампионатот е ‘утешна награда’ за Баерн

Баерн Минхен загуби два посакувани трофеи за само десетина дена. По елиминацијата од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, синоќа на „Алијанц арена“ баварскиот тим беше елиминиран од Борусија Дортмунд (2-3) во полуфиналето на Купот на Германија. Ова секако е непосакуван развој на настаните за тренерот Карло Анчелоти и за фудбалерите на Баерн Минхен, на кои сега како ‘утешна награда’ им останува да го освојат пехарот во Бундес-лигата.

„Ова секако не го посакувавме пред почетокот на сезоната, плановите беа многу пооптимитички. Но, доживеавме елиминации во ЛШ и во Купот на Германија, и сега треба да се фокусираме на освојување на првенството. Знам дека фановите се разочарани, но можам да кажам дека го дадовме својот максимум. Во одредени моменти немавме среќа, не бевме миленици ниту на судиите, но не треба да бараме алиби, туку да признаеме дека можевме повеќе и да почнеме да работиме многу понапорно во наредниот период. Борусија Дортмунд имаше многу поголеми мотиви од нас, барем така делуваа фудбалерите на теренот“, изјави Карло Анчелоти по елиминацијата на Баерн Минхен од Купот на Германија.

Се вчитува...