Малага го отпушти тренерот Мичел

Шпанскиот прволигаш Малага му даде отказ на својот досегашен тренер Мичел Гонзалес. Тимот од Андалузија синоќа доживеа пораз од Хетафе на гости и остана на претпоследното место на табелата во Ла Лига, со само 11 бода по 18 одиграни кола.

Раководството на клубот мораше да реагира и да му се заблагодари на Мичел, откако процени дека тој во моментот не може да го одведе тимот во помирни прволигашки води. Мичел минатата сезона ја презеде екипата кога се наоѓаше во тешка ситуација и успеа да ги подобри работите, но оваа сезона тоа не му успева.

Се вчитува...