Малер за Иџе – наместо второ место, без пласман во Золдер

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе немаше среќа на денешната прва трка од ЕТЦЦ шампионатот што се возеше во Золдер, останувајќи без пласман.

Иџе беше на добар пат да го освои второто место, во голем дел од трката дури и го притискаше лидерот Кристјоханес Золдер (кој на крајот триумфираше), но пред самиот финиш неговото возило не го издржа маневарот на Петер Рикли и Норберт Наѓ, кои истовремено го минаа. Стефановски се пожали на проблем со возилото и не успеа да ја доврши трката, вистинска штета со оглед на доброто издание на Македонецот се до несаканата случка.

Покрај Иџе, денешната прва трка не ја заврши ниту лидерот во генералниот пласман Петр Фулин, кој исто така се соочи со сериозни проблеми со возилото.

Втората трка стартува во 14.10, а Стефановски би требало да биде во можност да напаѓа највисок пласман откако проблемите во меѓувреме биле отстранети.

Се вчитува...