Малме води во Струмица, судијата лесно покажа на белата точка (видео)

Екипата на Малме поведе со 0-1 на гостувањето во Струмица против Вардар, откако судијата Жабченко од Украина покажа на белата точка во корист на шведскиот шампион.

Одбраната на „вардарци“ за момент заспа, Бергет успеа да побегне и излезе очи в очи со Гачевски, се обиде да го мине голманот на „црвено-црните“, а потоа падна преку него. Украинскиот арбитар беше предалеку од местото, но без размислување покажа на белата точка.

Повторените снимки покажуваат дека има контакт меѓу Гачевски и Бергет, но истиот е инициран од гостинскиот играч кој искусно „го намести“ голманот на допир, по што падна преку неговата нога.

Се вчитува...