Манасков и Лазаров во Топ 10 стрелци, Миркуловски втор асистент

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонија доминира на стартот од ова Европско првенство, па нашите репрезентативци неслучајно се наоѓаат и при врвот кога станува збор за статистичките показатели. Во Топ 10 стрелците има двајца Македонци, па така Дејан Манасков со 12 гола се наоѓа на делба на третото место заедно со Норвежаните Бјорнсен и Тонесен, додека Кире Лазаров со 11 погодоци ја дели седмата позиција заедно со Лука Циндриќ и Квентин Мае.

Кога станува збор за асистентите, тука импресивен е Филип Миркуловски, кој се наоѓа на делба на втората позиција со просек од 4,5 додавања по натпревар, рамо до рамо со Игор Карачиќ, Петар Ненадиќ и со Швеѓанецот Готфридсон. Зад Миркуловски се наоѓаат Карабатиќ, Циндриќ, Душебајев, додека Кире Лазаров на претходните две средби има шест асистенции, исто колку и Зарабец и Палмарсон. Подобар од Миркуловски кога станува збор за асистенциите е само Сандер Сагосен, со просек од седум по натпревар.

Најдобар блокер по првите две кола е Словенецот Мачковшек со пет изблокирани удари на противниците, додека најдобар голман е Швеѓанецот Апелгрен со успешност од 44%.

Се вчитува...