Манасков: Не треба да имаме такви осцилации во игра, но до 12. јануари ќе биде сè како што треба

Дејан Манасков постигна седум погодоци на првиот од трите пријателски натпревари кои ракометната репрезентација ќе ги одигра со Босна и Херцеговина. И блесоци и падови имаше во текот на целиот натпревар, Червар ќе мора да ги простудира грешките, предностите и слабостите на своите избраници пред конечниот список. Осцилации во играта не смее да има, нешто за што е свесен и одличниот репрезентативец кој ја покрива крилната позиција.

„Овие денови ни преостанува да се подготвиме до крај. Ни преостануваат уште два натпревари, да пробаме некои нови варијанти кои не сакавме денес да ги пробаме и се надевам дека за 12 ќе бидеме подготвени максимално. Селекторот кажа пред натпреварот дека сака сите да добијат шанса, да ротираат. Без разлика кој игра треба да даде се од себе. Не треба да ни се случуваат такви осцилации, но верувам дека до 12. ќе биде се како што треба“ – порача Манасков.

Се вчитува...