Манасков со „шестка“ го поздрави Сегед

Македонскиот ракометен интернационалец Дејан Манасков продолжува со добри игри во редовите на Веспрем. Тој имаше одличен настап на дуелот на гости против Сегед во унгарското првенство, помагајќи на му својот тим да стигне до убедлив триумф, 21-30. Манасков постигна шест гола и беше втор стрелец во составот на Веспрем.

Шампионот на Унгарија на полувреме имаше предност од четири гола (11-15), а на крајот стигна и до убедлив триумф.

Се вчитува...