Манчини ги одмора сите „ѕвезди“ против Вардар

Зенит е прв на табелата во групата од Лигата на Европа, Вардар убедливо последен, а лесната победа од 0-5 среде Скопје му дава за право на Роберто Манчини да очекува сличен исход и на денешниот дуел во Санкт Петербург. Токму поради тоа, стратегот на Зенит е подготвен денеска против Вардар да ги одмори сите „ѕвезди“, се со цел тие свежи да го дочекаат големото дерби со Спартак Москва што Зенит го очекува в понеделник.

Манчини веќе на прес-конференцијата најави дека „шанса ќе добијат играчи кои ретко настапувале во ЛЕ сезонава“, а рускиот весник „Спорт Експрес“ обелодени кои се тактичките замисли на тренерот на Зенит за дуелот со „вардарци“.

На голот ќе го нема Андреј Лунев, кој се повреди на пријателскиот меч меѓу Русија и Шпанија, па шанса ќе добие Лодигин. Целосен ремонт ќе доживее и одбраната, каде во однос на мечот во Скопје ќе остане само Мевља, кому друштво во одбраната ќе му прави младиот Новоселцев. Терентиев ќе го заземе местото на Ивановиќ, додека по левата страна најавен е Анјуков, на позицијата на која вообичаено „владее“ Кришито. Ерохин, Нобоа и Паредес ќе бидат задолжени за организација на играта на средината од теренот, додека во нападот шанса ќе добие „џинот“ Ѕјуба, кој минатиот викенд против Тосно го постигна својот прв овосезонски гол. Тој ќе го заземе местото на Кокорин, кој одигра феноменално во Скопје, а од страничните позиции ќе ја има поддршката на Аргентинецот Дриуси и на 26-годишниот Полоз, кој воопшто не влегуваше во игра на претходните четири натпревари.

zenit vardar sostavi

Се вчитува...