Манданда се враќа назад во Марсеј

Стив Манданда повторно ќе застане на голот на Олимпик Марсеј откако челниците на францускиот клуб успешно ги финализираа преговорите за камбек на уште еден фудбалер. Поранешниот репрезентативец си замина од Марсеј како слободен играч потпишувајќи договор со Кристал палас, но откако не успеа да се наметне во овој англиски премиерлигаш Манданда реши да се врати назад во Франција.

Олимпик реагираше благовремено и експресно се договори со Кристал палас, откако и новиот менаџер на лондонскиот клуб, Франк де Бур, стави до знаење дека нема да смета на Манданда како на прв голман. Финансиските детали не се откриваат, но 32-годишниот чувар на мрежата веќе ги договорил условите за тригодишна соработка со клубот од „Велодром“.

Со тоа челниците на Олимпик успешно договорија враќање на уште еден свој поранешен ас, откако претходно истото го сторија и со Паје, Тован и со Фани

Се вчитува...