Манџукиќ го откри скандалот: Бонучи го фати Дани Алвеш за врат пред финалето на ЛШ

Леонардо Бонучи и Дани Алвеш ова лето го напуштија италијанскиот првак Јувентус, а Марио Манџукиќ ја откри вистинската причина за тоа. Тие направиле хаос во соблекувалната на „старата дама“ во пресрет на финалниот меч во ЛШ со Реал Мадрид во Кардиф. Бонучи го фатил за врат Бразилецот, а тренерот Масимилијано Алегри им порачал дека и двајцата ќе мора да си заминат од клубот.

„Едноставно е, Бонучи и Дани Алвеш направија хаос, па на среќа на сите нас со нивното заминување се ќе се врати по старо. Тие двајца се многу различни и можат да се скараат во секој момент, но имаше вистинска експлозија пред финалниот меч во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Дани Алвеш има обичај да пушти музика во соблекувалната, но пред финалето дојде и пушти прегласно бразилска самба и почна да танцува. Бонучи му рече дека ќе му ги скрши нозете ако веднаш не ја изгаси. Дани знаеше колку Бонучи сакаше да го освои трофејот во ЛШ, и му рече: „Баш ми гајле, јас веќе имам освоено три пехари од Лигата на шампионите“…Е, тогаш настана вистински хаос. Бонучи стана и го фати за врат, а мораше да ги раздвојува тренерот Масимилијано Алегри. Не ја разбирам постапката на Дани Алвеш. И јас ја има освоено ЛШ, па никогаш не би ми дошло на памет да кажам нешто такво. Тогаш Лео го фати за врат и којзнае што ќе се случеше ако не застанеше Алегри меѓу нив. И тогаш им рече, што и да се случи, одлуката е донесена, тие ќе мораат да си заминат од клубот. Се надевам дека сега работите во соблекувалната ќе се вратат по старо“, открива Марио Манџукиќ.

Дани Алвеш потпиша за ПСЖ, Леонардо Бонучи за Јувентус, и повторно е се мирно и во соблекувалната на Јувентус.

  

Се вчитува...