Манџукиќ неизвесен за финалето на Купот на Италија

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ би можел да го пропушти финалниот меч од Купот на Италија против Лацио, што ќе се игра утревечер. Тој се жали на болки во грбот и не тренираше со своите соиграчи првиот ден по дуелот со Рома. „Старата дама“ е во низа од три натпревари без победа, па Масимилијано Алегри се надева дека тимот ќе одговори соодветно токму на финалниот куп-дуел со „лацијалите“.

Хрватот доби силен удар во пределот на грбот на натпреварот со Рома, и оди на терапија, но неизвесно е дали ќе биде подготвен за настап во финалето.

Се вчитува...