Мани Паквајо стана полковник во филипинската војска

Познатиот боксер од Филипините, Мани Паквајо, го продолжува својот живот надвор од боксот како полковник во армијата на својата држава. Осумкратниот светски боксерски шампион, кој неочекувано ја загуби титулата во јули со поразот од Австралиецот Џеф Хорн, доби понуда да се активира во армијата.

Паквајо досега имаше чин на потполковник во резервниот состав на филипинската армија, а сега е унапреден во полковник.

„Можам да се пофалам дека од денеска сум промовиран во полковник во армијата на Филипините“, изјави Мани Паквајо.

Се вчитува...