Марадона си ги тужи сопствените ќерки за измама!

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона, се соочува со сериозни семејни проблеми откако беше обелоденето дека тој покренува судски процес против своите ќерки, 30-годишната Далма и две гоидни помладата Џанина.

Тој ги тужи сопствените ќерки за измама, откако увидел дека Далма и Џанина префрлиле 1,6 милиони евра во кредитна институција во Уругвај. Марадона воопшто не дал согласност за ваква инвестиција на сопствените пари, а откако увидел што се случило 56-годишниот Аргентинец решил по судски пат да се пресмета со своите деца.

Како што јавуваат аргентинските медиуми, тој планира во тужбата да ја вметне и Клаудиа Вилафане, неговата поранешна сопруга која е мајка на двете ќерки. Според Диего, токму Клаудиа е „мозокот на операцијта“ откако во 2015 година тој ја обвини дека му украла над седум милиони евра од банкарската сметка. Тогаш ќерките застанаа на страна на мајката, па сега екс-фудбалерот се сомнева во „семеен напад“ врз него.

 

Се вчитува...