Мареј и Вавринка во полуфиналето на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос, победувајќи го во четвртфиналниот дуел Кеи Нишикори со 3-1 во сетови (2-6, 6-1, 7-6, 6-1). Тој за пласман во финалето ќе ги одмери силите со Станислас Вавринка, кој беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-1).

Нишикори успеа да го освои првиот сет против Мареј, но потоа Британецот возврати во вториот сет. Мечот се кршеше во третиот сет, кој Мареј го доби во тај-брејк, а потоа лесно успеа да го комплетира мечот.

Вавринка беше надмоќен во дуелот со Марин Чилиќ и лесно успеа да избори пласман во полуфиналето.

Во другиот полуфинален дуел во машка конкуренција, Рафаел Надал ќе ги одмери силите со Доминик Тим.

Се вчитува...