Мареј отпатува за САД, ќе игра на УС Опен

Енди Мареј е убеден дека ги надминал проблемите со повредата на колкот и дека ќе може во топ-форма да го дочека стартот на УС Опен. Британскиот тенисер нема настап на турнирите уште од четвртфиналето на Вимблдон, а неговото откажување од Монтреал и од Синсинати значеше и предавање на врвот на АТП-листата на Рафаел Надал.

Дел од британските медиуми најавуваа дека нивниот миленик по се изгледа нема да може да игра тенис до крајот на годинава, но последните интензивни третмани сепак вродиле со плод. Последните информации велат дека Мареј синоќа отпатувал за Њујорк, каде во следните денови ќе ги финишира подготовките за настап на последниот гранслем турнир за оваа 2017 година.

За разлика од Мареј, УС Опен ќе го пропушти шампионката од 2011 година, Саманта Стосур, која не успеа навреме да се рехабилитира од повредата на дланката што ја мачи веќе подолго време.

Се вчитува...