Маргуч: Добра одбрана и брз напад „рецепт“ за Ангола

mec baner

Десното крило на Веспрем, Гашпер Маргуч со осум гола беше најефикасен во рекордната победа на Словенија против Ангола (42-25) во првото коло од Групата Б во Мец. Во следното коло, утре Ангола е следен противник на Македонија во меч во кој „типуваме“ на победа, а Маргуч ни го „откри“ рецептот за убедлива победа против Ангола.

„Цврста игра во одбраната и брз напад. Тоа е играта со која ние ја победивме Ангола. На почетокот игравме малку во грч, сепак ова ни беше прв натпревар на овој шампионат и тоа е разбирливо, но потоа влеговме во ритам и на крај имавме убедлива победа“ – изјави слеовенечкиот репрезентативец.

Се вчитува...