Марибор е во ЛШ, Наполи лесно ја реши Ница

Наполи заслужено се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите, откако оваа екипа славеше и во вториот дуел од двомечот со Ница. По победата од 2-0 на домашен терен, „наполитанците“ вечерва славеа и на гостувањето во Франција со идентичен резултат.

Калјехон беше стрелец на единствениот погодок, со што Шпанецот на стартот од вториот дел стави крај на дилемите околу патникот во елитното европско натпреварување. Конечните 0-2 во финишот ги постави Инсиње.

Super Goal Jose Callejon HD Nice 0 – 1 Napoli… by Sakurako-Lorenzo Insigne GOAL HD – Nice 0-2 Napoli 22… by livgol

Со две победи пласманот во групната фаза го осигура и Олимпијакос, откако грчкиот првак вечерва триумфираше во Ријека со 0-1, со погодокот што Марко Марин го постигна уште во првото полувреме.

Rijeka vs Olympiakos 0-1 Marko Marin Goal 22… by bamixos

Севилја по тешка битка се пласираше во групната фаза, кршејќи го отпорот на Башакшехир иако екс-шампионот на Лигата на Европа имаше предност од 1-2 од првиот меч во Турција. Башакшехир имаше предност од 0-1 на полувреме, Севилја го сврте резултатот преку Екудеро и Бен Једер, за Турците да израмнат на 2-2 преку Виска и да го одведат мечот во неизвесен финиш. Севилја сепак успеа да го издржи притисокот, мечот заврши без победник, а шпанскиот клуб се пласираше во следната фаза.

Огромен успех оствари тимот на Марибор, пласирајќи се во ЛШ со елимминацијата на Хапоел Бер Шева. По поразот од 2-1 во Израел, Словенците со вечерашниот триумф од 1-0 повторно станаа дел од европската фудбалска елита.

Mitja Viler Fantastic Goal vs Beer Sheva (1-0) by wfproductions

Најинтересен натпревар на денешната програма беше оној првиот, во кој Астана го совлада Селтик со 4-3. Шкотскиот гигант имаше предност од 5-0 од првиот меч, но „зелено-белите“ беа шокирани откако Астана поведе со 4-1. Домаќините тргнаа во тотална офанзива по нови голови, но Селтик сепак се консолидираше, постигна два гола преку Нчам и Грифитс и заслужено стигна до место во елитното европско натпреварување.

Astana vs Celtic 4-3 All Goals & Highlights 22… by FootballHD7

Се вчитува...