Маријана, Силви, Милена, Ружица доделуваа..., најдобрите од мак-фудбалот добиваа (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

Маријана, Силви, Милена, Ружица доделуваа…, најдобрите од мак-фудбалот добиваа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Маријана, Силви, Милена, Ружица доделуваа…, најдобрите од мак-фудбалот добиваа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската федерација на Македонија традиционално и оваа година, предновогодишно, ги додели признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал во изминатата сезона.

За разлика од претходните години, овој пат во Македонскиот народен театар, ФФМ се одлучи своите признанија најдобрите од мак-фудбалот главно да ги добијат од рацете на убави домашни лица од понежниот пол. Па, ТВ водителките Маријана Станојковска, Милена Антовска, Анета, пејачката Силви Плевнеш, но и сопругата на кошаркарот Перо Антиќ, Ружица,… беа тие кои ги доделија признанијата за најдобрите македонски фудбалери, клубови и фудбалски работници.

Очекувано, целокупната манифестација мина, во голема мера, во знакот на младите македонски репрезентативци кои го добија централното внимание, посебно и во ситуација кога на свеченоста и недостасуваа најдобрите двајца прогласени фудбалери, Бесарт Ибраими и Илија Несторовски…

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.