Марин Чилиќ е првиот финалист на Вимблдон - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/09/2017 15:05
Кошарка
23/09/2017 14:52
Фудбал
23/09/2017 12:57
Ракомет
22/09/2017 19:52

Марин Чилиќ е првиот финалист на Вимблдон

Марин Чилиќ е првиот финалист на Вимблдон

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ продолжува со ловот на својот втор Грандслем турнир во кариерата.

Чилиќ е првиот финалист на Вимблдон откако во феноменална полуфинална пресметка во четири сета славеше против Американецот Сем Квери.

Хрватот му дозволи на Квери да го добие првиот сет со 6-7 (6-8), а потоа презеде се во свои раце добивајќи ги трите сета со 6-4,7-6 и 7-5. Во четвртиот сет Квери имаше и брејк предност, за 2-4, но Чилиќ успеа да направи пресврт и во тој сет добивајќи го на крајот со 7-5.

За Чилиќ ова е животна шанса да дојде до трофејот на Вимблдон во своето прво финале во Англија. Тоа би бил втор Грандслем трофеј за него, по освојувањето на УС Опен во 2014 година.

Во второто полуфинале кое стартува наскоро ќе се сретнат Роџер Федерер и Томаш Бердих.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.