Марио Балотели по четири години повторно во дресот на „аѕурите“

Напаѓачот на Ница, Марио Балотели, ќе биде повикан во репрезентацијата на Италија за пријателските натпревари против Аргентина и Англија кои се закажани кон крајот на месец март. Голгетерот благодарение на својата форма заслужено се враќа во националниот состав, четири години откако го запиша последниот настап во дресот на „аѕурите“.

Италијанците се уште се без селектор, за пријателските мечеви ќе ги предводи селекторот на репрезентацијата до 21 година, Луиџи Ди Бијаџо, кој посочи дека Балотели ќе биде еден од предводниците на нападот за претстојните пријателски средби – на 23.март против Аргентина, на 27.март против Англија.

Последниот настап на контроверзниот „Супер Марио“ беше против Уругвај во групната фаза од Светското првество 2014 во Бразил, каде Италија по само три меча се збогува од мундијалот.

 

Се вчитува...