Марио Геце му се враќа на фудбалот: Среќен сум, можам да играм повторно

„Златното момче“ на Германија, Марио Геце, стрелецот на победничкиот гол за освојување на мундијалот, може да му се врати на фудбалот. Напаѓачот на Борусија Дортмунд имаше големи здравствени проблеми и имаше лекарска забрана да игра фудбал поради метаболичко пореметување на организмот, но го издржа најтешкиот период и сега може да се врати на тренинзите. Според најавите, тој од утре повторно ќе почне да тренира со тимот на „милионерите“.

„Среќен сум. Навистина сум на добар пат. Можам повторно да тренирам и да играм фудбал. Влегов во третата фаза од мојата рехабилитација и сега треба да ми бидат извршени тестови за мојата физичка подготвеност“, изјави Марио Геце.

Ова секако е убава вест за сите љубители на фудбалот, а посебно за фановите на бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Се вчитува...