Марк Вилмотс веќе не е селектор на „слоновите“

Белгискиот стратег Марк Вилмотс си замина од селекторската фунција во селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, откако не успеа да ја одведе на Светското првенство во Русија. „Слоновите“ го загубија клучниот меч против Мароко (0-2), по што Вилмотс ја раскина соработката со федерацијата.

„Во меѓусебен договор со Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска одлучив да си заминам од селекторската позиција. Сакам да им се заблагодарам на фановите, на фудбалерите и на раководните луѓе за убавите мигови“, истакна Марк Вилмотс.

Под негово раководство селекцијата на Брегот на Слоновата Коска оствари три победи, имаше две ремија и пет порази.

Се вчитува...