„Марка“ тврди: Македа го напушта Вардар и се сели во Германија

Европскиот ракометен првак Вардар следното лето ќе биде растур-систем. Дефинитивно си заминува идеологот на овој тим Раул Гонзалес, кој ќе се пресели во ПСЖ, а најверојатно и најголемиот дел од ракометарите кои беа клучни за освојувањето на европската титула. Лука Циндриќ ќе замине во Кјелце, Арпад Штербик треба да потпише за Веспрем, а шпанска „Марка“ тврди дека Хорхе Македа ќе се пресели во Германија. Причина е неговата сопруга Макарена Агилар, која игра за тимот на Турингер.

„Хорхе Македа по завршувањето на сезоната ќе ја смени клупската средина. Интерес има од неколку клубови од Германија, а најконкретен е Рајн Некар Левен. Неговата сопруга Макарена Агилар игра за Турингер, и тоа е една од причините за тој да замине во Германија“, објави „Марка“.

Се вчитува...