Маркез најбрз во квалификациите во Германија

Шпанскиот мотоциклист на Хонда, Марк Маркез очекувано ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Германија.

Шпанецот е едноставно непобедлив во Германија, славејќи седум пати едноподруго, а утре има можност да ја продолжи таа серија. Маркез денеска славеше со време од 1:27.302, а зад него заврши возачот на Дукати, Данило Петруци за кого ова е најдобар пласман во кариерата кога се во прашање квалификациите.

Од првиот стартен ред трката ќе ја почне и Кал Крачлоу од Сузуки. Зад нив се Фолгер и Лоренцо. Лоши квалификации имаа Роси, Довициозо и Виналес кои завршија на 9., 10. и 11. место.

За Маркез ова беше 40-та пол позиција во МОТО ГП натпреварувањето. За утрешната трка, која почнува од 14:05 часот, останува главен фаворит на една од своите омилени патеки.

Се вчитува...