Маркез со пол-позицијата на Мото ГП во Австралија

Марк Маркез стигна до пол-позицијата за утрешната трка од Мото ГП во Австралија, откако одлично мина низ денешните квалификации, а притоа оставајќи го и најголемиот ривал за титулата, Довициозо далеку зад него на почетокот на трката.

Шпанецот со својата Хонда стигна до најбрзо време во квалификациите пред Маверик Вињалес и Јоан Зарко кои исто така обезбедија прв ред, додека Довициозо кој има 11 поени помалку во генералниот пласман, ќе стартува од 11-та позиција и ќе има тешка задача да стигне до поволен резултат на „Филип Ајленд“.

Валентино Роси утре ќе стартува од седмата позиција, додека Хорхе Лоренцо утрешната трка ќе ја почне од 16-то место.

Се вчитува...