Марко Ројс одново „стрелаше“ за Дортмунд, но недоволно за триумф над Аугсбург

Борусија Дортмунд ремизираше со Аугсбург (1-1) на „Сигнал Идуна парк“, комплетирајќи го 24. коло во Бундес – лигата. „Милионерите“ го отворија резултатот во 16. минута преку Марко Ројс, кој го постигна својот втор погодок во шампионатот по долгата пауза.

Гостите притискаа за израмнување во второто полувреме, а до посакуваниот погодок дојдоа во 73. минута, откако дефанзивецот Кевин Дансо од втор обид ја затресе мрежата на Бирки.

Дортмунд по овој натпревар ја испушти шансата да му „избега“ Шалке на три бода разлика на табелата, но и натаму остануваат на второто место со 61 освоен бод. Аугсбург пак, се искачи две места погоре, и сега се осми пред Хофенхајм, но со исто бодови, 32.

Се вчитува...