Марко Симоновски од Финска се пресели во Романија

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски е нов член на романскиот клуб Сепси. Напаѓачот денес беше претставен како нов член на клубот, откако претходно ги договори сите услови за соработка.

Симоновски претставува големо засилување за Сепси во нападот бидејќи клубот се наоѓа на претпоследната позиција во романското првенство и се соочуваат со испаѓање од првата лига, па се надеваат дека токму со него ќе се спасат од кризата.

Симоновски претходно импресионираше во дресот на Лахти со 15 погодоци на 32 натпревари во финското првенство, по што заслужено прави трансфер во поквалитетна лига.

Се вчитува...