Маркоски не тренираше, под прашалник и Манасков

mec baner

Лино Червар се соочува со сериозни проблеми со составот на Македонија пред утрешниот дуел со Ангола, откако покрај Велко Маркоски на повреда се пожали и Дејан Манасков, кој настрада при еден обид за шут на мечот со Тунис, повредувајќи го скочниот зглоб. Маркоски воопшто не се појави на вечерашниот тренинг и најверојатно нема да биде во комбинација против Ангола, додека Манасков тренираше ссо остатокот од националниот тим.

Ситуацијата е таква да имаме проблеми. Сите знаете колкаво е значењето на Велко Маркоски, ги чекаме новите прегледи за да се утврди сериозноста на повредата и се надеваме на добри вести. Секако дека имаме и „план Б“, но тој не е толку добар како планот А бидејќи Маркоски со години е најдобар дефанзивец. Искрено се надевам дека ќе може да ни помогне против Ангола, како и на следните натпревари на овој шампионат. Што се однесува до Манасков, кај него се појави оток по мечот со Тунис, но отокот малку се намали во изминатиот период, па вечерва тренира со нас“ – изјави Червар.

Се вчитува...