Марковски најефикасен, Орошази елиминиран

Македонскиот репрезентативец Никола Марковски, беше прв стрелец на Орошази, но неговиот тим загуби во дуелот со Чургој со 29-32 во полуфиналето од Купот на Унгарија и не успеа да обезбеди пласман во завршната фаза од ова натпереварување. Марковски беше стрелец на шест гола и радува неговата добра форма пред стартот на подготовките со македонската репрезентација за настап на ЕП 2018 во Хрватска.

Репрезентативниот пикер во наредните неколку дена го очекуваат уште два натпревари со Орошази во унгарскиот шампионат. На 17 декември на домашен терен протов Егер, а три дена подоцна дуелот со Веспрем и со Дејан Манасков. После завршуваат клупските обврски за двајцата македонски репрезентативци во Унгарија и тие ќе и се приклучат на репрезентацијата во подготовките за ЕП.

Се вчитува...