Марсеј и Селтик преговараат на тема „Муса Дембеле“

Олимпик Марсеј започна преговори со напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле. Според информациите кои пристигнуваат од Франција, Марсеј е подготвен да ги исполни барањата на шкотскиот шампион, и да исплати 20 милиони фунти за 21-годишната сензација.

Дембеле минатото лето пристигна од англискиот второлигаш Фулам за сума од 500.000 фунти, и веднаш се адаптира на играта на Роџерс, постигна 32 гола во сите натпреварувања. Напаѓачот не е само желба на Марсеј, тука е и Арсенал, односно скаутите на Венгер кои го следеа неговиот напредок во текот на целата сезона. Наводно, во зимскиот преоден рок Селтик одбиле 40 милиони фунти од актуелниот англиски шампион Челси, но Брендан Роџерс беше јасен кога кажа дека Дембеле нема да го напушти клубот по нецели шест месеци.

Шансата за враќање на младиот фудбалер во родната Франција може да биде предност за Марсеј, но ќе мора да бидат убедливи во преговорите, бидејќи и ПСЖ ја чека својата шанса.

Се вчитува...