Марсеј сака да го врати Паје

Некогашниот европски и француски првак, Олимпик Марсеј, планира да направи сериозни промени, особено кога во клубот дојдоа богати сопственици.

Целта е да се направи тим кој ќе биде конкурентен на ПСЖ и на Монако, а челниците на клубот се во акција да го вратат фудбалерот на Вест Хем и поранешен член на Марсеј, Димитри Паје.

Тој ја напушти Франција во јуни, 2015 година, кога се пресели во Вест Хем за сума од 11 милиони фунти и се афирмираше како еден од најдобрите играчи во Европа. Сега, тимот од Марсеј е подготвен да го врати Паје во своите редови, за сума од 45 милиони евра.

Задачата не е нималку лесна ако се знае дека за истиот фудбалер се интересираат и Арсенал и Манчестер јунајтед, но и францускиот првак ПСЖ. Сепак, челниците на Олимпик Марсеј сепак се оптимисти дека извонредниот играч за врска би можел на крајот од оваа сезона да се врати на „Велодром“.

Се вчитува...