Маскерано во Барса до 2016 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Маскерано во Барса до 2016 година

Хавиер Маскерано и официјално го стави својот потпис на новиот договор со Барселона, со кој што аргентинскиот интернационалец го продолжи својот престој на „Камп ноу“ се до 2016 година. Актуелниот договор на искусниот Аргентинец истекуваше во јуни 2014 година, но каталонците решија што поскоро да ги разрешат дилемите околу неговата иднина продолжувајќи ја соработката за уште две дополнителни сезони. 
 
Веќе кажав дека Барса е единствениот клуб за мене и дека сигурно ќе потпишам нов договор. Преговорите траеја нешто подолго отколку што очекував, но најважно е што постигнавме целосен договор и што јас уште долго ќе настапувам за својот омилен тим“ – изјави Маскерано.
 
Аргентинецот ќе има плата од околу пет милиони евра на „Камп ноу“, а во новиот договор има и клаузула дека тимот што сака да го доведе Маскерано во своите редови ќе треба да им плати на каталонците неверојатни 100 милиони евра за предвремениот прекин на соработката. Хавиер Маскерано е член на Барселона од 2010 година, кога пристигна на „Камп ноу“ од редовите на Ливерпул за сума од 22 милиони евра.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.