Маслинко: Во Работнички се чувствувам како дома - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 19:50
Ракомет
16/01/2017 19:23
Ракомет
16/01/2017 19:18
Ракомет
16/01/2017 19:17

Маслинко: Во Работнички се чувствувам како дома

Маслинко: Во Работнички се чувствувам како дома

Две сезони ги мина на Апенинскиот полуостров во италијанската академија за кошарка Стела Аѕура како и во второлигашот Пафони Омења, а изминатово лето Андреј Маслинко одлучи да се врати во Македонија и да потпише тригодишен договор со Работнички. На својот прв официјален натпревар во дресот на најтрофејниот кошаркарски клуб во домашното првенство, Маслинко доби солидна минутажа, а Марин Докузовски по натпреварот не ја криеше желбата да во иднина продолжи работата помеѓу клубот и младиот талент.

„Разлики има, но убаво е да се видат различни начини на тренирање. Секое ново искуство е добивка за мене. Ми требаше малку време да се навикнам, ама сега е во ред. Без оглед на разликите, сепак станува збор за професионални екипи со изграден систем и тренажен процес. Навистина, во Работнички со мене се имиња кои многу значат. Учам од нив секој ден. Се работи за искусни играчи, репрезентативци, со долгогодишно искуство кое несебично го споделуваат. Ми се допаѓа и нивниот непосреден пријателски однос. Ме прифатија како свој, како рамноправен член и се чувствувам како дома во овој клуб“ – вели младинскиот репрезентативец.
maslinko vlado mite rabotnicki kumanovo

Во последното коло од оваа календарска година, Работнички го доживеа својот прв пораз оваа сезона, од Куманово кому во првото коло му нанесе убедлив пораз. Вицешампионот запамети, па им врати на „центарци“ мило за драго, но поразот нема да ги демотивира кошаркарите од „Градски Парк“.

„Одиме чекор по чекор, работиме од натпревар до натпревар. Фокусирание сме да имаме успешна сезона. За идните чекори мислам дека е рано за размислување“ – заклучи Маслинко кој само ги потврди високите амбиции на колективот од „Градски Парк“.

Во домашното кошаркарско првенство следи пауза од речиси еден месец. Следното, деветто коло ќе се одигра на 21. јануари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.