Мата останува на „Олд Трафорд“

Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата е подготвен да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед и да остане уште долго на „Олд трафорд“, информираат медиумите на Островот. Тој има договор до 2018 година, но раководството на клубот веќе е во интензивни преговори со агентот на играчот за врска и се очекува многу брзо Мата официјално да стави потпис за верност до 2020 година.

Оваа сезона Хуан Мата одигра 35 натпревари во дресот на Манчестер јунајтед во сите конкуренции, и постигна девет гола, реализирајќи и пет асистенции.

Интересно е што Мата беше еден од оние играчи за кои се најавуваше дека први ќе си заминат со доаѓањето на Жозе Мурињо (со кого имаше нарушени односи во Челси), но Шпанецот со одлични игри и неколку значајни погодоци успеа да го убеди и „специјалниот“ да му понуди нов договор.

Се вчитува...