Мата: Сакам да бидам како Гигс, да играм до 40 години

Хуан Мата има 29 години и логично е да не размислува за завршување на кариерата. Шпанскиот ас јасно стави до знаење дека планира уште долго да настапува на терените, како свој идол посочувајќи го Рајан Гигс, кој се до 40-годишна возраст настапуваше во Премиер-лигата.

Жозе Мурињо побара од управата да му понуди нов договор на Мата, кој е подготвен во најскоро време да се обврзе на долгогодишна верност кон „црвените ѓаволи“.

Тука сум веќе петта сезона и се чувствувам како дома од првиот ден кога станав дел од Манчестер јунајтед. Дел сум од голем клуб, со огромен број на приврзаници, не можам да посакам ништо повеќе. Штом добијам понуда, ќе потпишам, ова е клубот за кој сакам да играм уште долго. Сакам да бидам како Рајан Гигс, кој ги бранеше боите на јунајтед до 40-годишна возраст“ – изјави Мата.

Се вчитува...