Матиќ потпиша за Копенхаген, се чека на деби за Македонија! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Матиќ потпиша за Копенхаген, се чека на деби за Македонија!

Матиќ потпиша за Копенхаген, се чека на деби за Македонија!

Потенцијалниот репрезентативец на Македонија, Урош Матиќ, направи фантастичен трансфер откако денеска потпиша договор со данскиот првак ФЦ Копенхаген. Овој 26-годишен играч за врска, кој е брат на Немања Матиќ од Челси, ја почна сезонава во австрискиот прволигаш Штурм, но ја прифати понудата за преселба во Данска. Тој во Копенхаген ќе го наследи најдобриот фудбалер на оваа екипа, Томас Дилејни, кој се сели во германскиот прволигаш Вердер.

Се радувам на доаѓањето во Копенхаген, тоа е голем европски клуб. Долго играм во Европа и знам што се очекува од мене, овој трансфер е голем чекор напред и ќе сторам се за да ги оправдам очекувањата. Чест ми е што ми е укажана довербата да го наследам капитенот Дилејни, знам за колку квалитетен фудбалер станува збор“ – изјави Матиќ, кој претходно има настапувано и за Кошице и за НАЦ Бреда.

Станува збор за играч кој настапува на позицијата „плејмејкер“, една од најдефицитарните во македонската репрезентација. Токму затоа со нетрпение се очекува и неговото деби за нашиот национален тим. Како што е веќе познато, овој фудбалер уште пред повеќе од една година доби македонски пасош, но од неразбирливи причини не добива зелено светло од ФИФА да почне да настапува во црвено-жолтиот дрес.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.