Матлиевски седна на клупата на Пролет - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Матлиевски седна на клупата на Пролет

Матлиевски седна на клупата на Пролет

Никола Матлиевски е изборот на раководството на Пролет за нов шеф на стручниот штаб на оваа екипа, со што беа официјализирани претходните најави дека токму овој стручњак ќе ја има улогата на предводник на скопскиот суперлигаш.

Матлиевски претходно имаше ангажман во РК Металург, но доби зелено светло за да ја продолжи својата тренерска кариера во елитното македонско ракометно друштво. Тој доаѓа во Пролет на местото на Илија Темелковски, кој минатата седмица си замина од скопскиот клуб селејќи се на клупата на Работник.

Со задоволство и официјално можеме да објавиме после завршувањето на разговорите со РК Металург на кого сме му благодарни што го ослободија од обврските новит тренер на суперлигашот Тинекс Пролет објавуваме дека е Никола Матлиевски. Тој е поранешен играч на РК Тинекс Пролет каде настапуваше од 2005 до 2011, а по завршување на ракометната кариера и ја започна тренерската кариера во младинската школа во нашиот клуб. Задоволство е на управата на Пролет што именувавме млад и амбициозен тренер кој е пред добивање на Мастер Лиценца и се надеваме на долгорочна соработка. Воедно му се заблагодаруваме на Проф Гино Стрезовски за пружената рака во овој период“ – објавија од раководството на РК Пролет.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.