Мбапе за историја – најмлад играч со десет гола во ЛШ

ПСЖ го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, но Килијан Мбапе за утеха го има рекордот што го урна со голот постигнат на „Алијанц арена“.

Имено, францускиот ас стана најмладиот фудбалер што успеал да стигне до бројката од десет гола во Лигата на шампионите. На Мбапе му беа доволни само 15 средби во дресовите на Монако и на ПСЖ за да дојде до двоцифрен ефект во елитното европско натпреварување, и тоа на возраст од само 18 години и 11 месеци.

Само за споредба, претходно овој рекорд му припаѓаше на Карим Бензема, кој десеттиот погодок во ЛШ го постигна на 20 години и девет месеци.

Се вчитува...