Мечот Шкупи – Шкендија одложен за 13.септември

Натпреварот од второто коло во Првата фудбалска лига на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е одложен за 13.септември. Шкупи информираше дека го прифати барањето на Шкендија овој натпревар да биде одложен за друг термин, поради настапот во плејоф колото во Лигата на Европа.

Фудбалерите на Шкендија вечерва (20.45 часот) го играат првиот меч против Милан, на „Сан Сиро“, во рамките на плејофот од второто по ранг европско фудбалско натпреварување. Токму поради ова Шкендија побара одложување на првенствениот меч од претстојното 2.коло во Првата лига, кое треба да се одигра викендов.

Натпреварот меѓу Вардар и Победа, пак, ќе се игра на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Се вчитува...