Мекларен официјално го раскина договорот со Хондa

Ф1 тимот на Мекларен се договори со Хонда за предвремено спогодбено раскинување на договорот за набавка на мотори. Од следната сезона, Мекларен ќе вози со мотори на Рено, а Хонда се префрла во тимот на Торо Росо.

Според „Аутоспорт“, Мекларен и Рено веќе потпишале тригодишен договор со важност до 2021 година кога на сила стапува новиот правилник за мотори.

Мекларен и Хонда со раскинувањето на соработката, ставија крај на едно крајно неуспешно партнерство што почна во 2015 година, а кулминираше во текот на оваа сезона со безбројните технички проблеми со кои се соочува британскиот тим. Разделбата со Хонда беше и еден од условите на двојниот шампион, Фернандо Алонсо, да остане во британскиот тим.

Се вчитува...