Мелер: На почетокот не игравме ракомет, вториот дел ни дава надеж

Кевин Мелер е човекот што му даде надеж на Фленсбург дека може да го продолжи сонот наречен фајналфор, откако данскиот голман со неколку одлични интервенции во самиот крај му помогна на својот тим да ја намали негативата во однос на Вардар на само два гола. Данецот, како и сите останати ракометари на Фленсбург, беше разочаран од крајниот исход на дуелот со Вардар, но изрази оптимизам дека германскиот тим би можел да изненади на реваншот во Скопје.

Како воопшто да не се појавивме на теренот во првото полувреме, не игравме ракомет. Нападот воопшто не ни функционираше, а одбраната ја немаше потребната цврстина. За среќа, во вториот дел заигравме многу подобро, покажавме дека сме силен колектив и значително ја намаливме предноста на противникот. Таа игра ни дава надеж дека можеме да изненадиме и во Скопје. Знаеме колку е тоа тешко, Вардар е уште посилен дома, каде има и фантастични навивачи, но ние нема да се предадеме до последната минута“ – истакна Мелер.

Се вчитува...