Мелсунген ја прекина победничката серија на Рајн Некар Левен

Рајн Некар Левен „падна“  на последната проверка пред саботниот дуел со Вардар во Лигата на шампионите. По фантастичната серија од 17 натпревари без пораз во сите натпреварувања, актуелниот германски шампион загуби на гостувањето кај Мелсунген со 29-26, во натпреварот од 13.коло во Бундес-лигата. За „лавовите“ од Манхајм ова е втор пораз сезонава во 13 одиграни натпревари во Бундес-лигата.

Рајн Некар Левен во препознатлив стил го почна натпреварот и стигна на +5  поведувајќи 3-8, но пред крајот на првото полувреме домаќините успеаја да направат пресврт, го презедоа водството и на одмор заминаа со 15-13.

Избраниците на Николај Јакобсен ни во вториот дел не успеаја да се вратат во ритам и останаа во негатива.Мелсунген ја одржуваше предноста и на крај стигна до изненадувачки триумф.

Јулиус Кун го предводеше Мелсунген со девет погодоци. Кај Рајн Некар Левен најефикасен беше Енди Шмит со осум гола. Филип Талески на овој дуел не се запиша во листата на стрелците.

Филип Миркуловски со екипата на Вецлар славеше победа на домашен терен против Лудвигсхафен со 30-21. Макеоднскиот репрезентативец остана без погодок на овој меч, со две асистенции.

Се вчитува...